Поврзете се со нас

Свет

Вардар „заспа“ во второто полувреме, Магдебург го освои „Хумел Купот“

Објавено

на

Ракометарите на Вардар 1961 претрпеа пораз од бундеслигашот Магдебург од 31-20 во финалето на „Хумел Купот“.

Домаќинот на овој турнир беше подобар ривал пред својата публика и оствари убедлива победа пред се благодарение на играта во вториот 30 минути.

Првиот дел мина во израмнета игра и германскиот тим замина на пауза со позитива од само еден гол (12-11), меѓутоа продолжението беше сосема спротивно и мина во целосна доминација на Магдебург кој одигра фантастично на двете страни на теренот и се избори за висок триумф.

Овие дуели за Вардар против Холстебро и Магдебург беа уште еден тест пред тоа што следува во престојниот период, битките со ППД Загреб во четвртфиналето на СЕХА лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни