Поврзете се со нас

Македонија

Вардар загуби од Велешта, „Комити“ разочарани: Ова е мизерија, одговорност мора да има!

Објавено

на

Вардар влезе во оваа сезона со амбиции, желба експресно да се врати во првата македонска лига, но ако се суди по стартот на кампањата во втората лига (Запад) тоа мнигу тешко ќе се случи особено со резултати и издание ако денеска против Велешта, меч кој „црвено-црните“ го загубија со 2-1.

Нашиот најтрофеен фудбалски клуб водеше со 1-0 по првото полувреме, но продолжениот му припадна на домаќинот кој со два гола се избори за пресврт. Со ова Вардар остана на четири бода односно по четири кола има дури осум помалку од лидерот Силекс, па најверните навивачи, популарните „Комити“ не го криеја разочарувањето и порачаа дека одговорност мора да има.

-Без никаков притисок, на добар терен, со добар пречек, без желба, без мудрост, без стратегија, и што е најважно без м.да ! Беда, очај, мизерија ! По овој натпревар првото место делува научна фантастика, а според играта, веројатно успех ќе биде евентуалното освојување на второто место ! Ова е неприфатливо! Одговорност мора да има, -порачаа „Комити“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни