Поврзете се со нас

Македонија

Вардар за првпат не победи на домашен терен, Пелистер му даде 11 гола на Тетекс

Објавено

на

Фудбалерите на Вардар за првпат во оваа сезона не успеаа да слават на домашен терен во Втората македонска лига, односно четата на Бобан Грнчаров одигра без победник против Беласица.

„Црвено-црните“ важеа за големи фаворити на пресметката на Автокоманда, ама тој статус не го оправдаа иако први го отворија резултатот со голот на Маркоски во 73. минута. Потоа домаќините имаа можности да ја зголема предноста, а откако не го направија тоа стигна казната преку Гугуљанов за конечни 1-1.

Пелистер пак го уништи Тетекс во Битола победувајќи го со неверојатни 11-0. Уште по првиот дел резултатот беше 7-0 за да во продолжението уште четирипати се затресе мрежата на популарните „штофари“.

Резултати:

Вардар – Беласица 1-1

Пелистер – Тетекс 11-0

Карароман – Локомотива Пехчево 1-1

Детонит Плачковица – Беса 3-0

Борец – Каменица Саса 0-3

Кожув – Слога Виница 2-0

ВЧЕРА

Охрид – Гостивар 1-2

Арсими – Воска 1-2

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни