Поврзете се со нас

Македонија

Вардар во „втора брзина“ го победи Бутел и закажа големо дерби во финалето

Објавено

на

Ракометарите на Вардар вечерва го заверија пласманот во големото финале на струшкиот турнир, откако со половина сила се справија со Бутел, тим кој е далеку под нивото на европскиот првак.

Вардар секако не е истиот тим од минатата сезона, но сепак поседува голем квалитет и широк ростер, а оваа вечер тренерот Алушовски максимално го искористи и им даде шанса на сите играчи.

Бутел парираше до 45 минута од мечот во ситуација кога играчите на Вардар не притискаа, а потоа успеаја да стигнат до уверлива победа со конечни 25:17.

Со ова, стана јасно дека турнирот „Струга 2020“ ќе биде затворен со големото финале меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер кој ќе се игра утре во 21:15 часот.

Претходно, во битката за третото место, силите ќе ги одмерат тимовите на Металург и Охрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни