Поврзете се со нас

Македонија

Вардар во Унгарија ја пронајде замената за Јасухира

Објавено

на

foto:www.facebook.com/csurgoikk

Македонскиот вицешампион, Вардар 1961 не успеа да го задржи одличниот Косуке Јасухира и мораше да се активира на пазарот и пронајде соодветна замена за играчот кој за кратко време ја освои скопската и македонската публика.

Според специјализираниот сајт за ракомет „Балкан Хендбол“, „црвено-црните“ веќе успеале да го пронајдат наследникот на Јапонецот и тоа во Унгарија во тимот на Чурго.

Се работи за искусниот Младен Крсманчиќ кој освен за Чурго има настапувано во Шпанија за Анаитасуна, но и за неколку клубови од Србија.

Пред Крсманчиќ клубот од „Јане Сандански“ ги договори Томче Стојановски, Мигел Пинто, Ашреф Мергали и Дмитро Горига.

Порака од Јапонецот: Јасухира се збогуваше со Вардар (ФОТО)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни