Поврзете се со нас

Македонија

Вардар во голем стил го испрати својот капитен: Гачевски доби посебна одјава од шампионот (Фото)

Објавено

на

Филип Гачевски пред неколку дена со тешко срце се збогуваше од Вардар и најави дека нема да се појави на првиот тренинг во пресрет на сезоната кој всушност се одржа денеска, но по комплетирањето на истиот, популарниот Гача доби возвратен сигнал од клубот.

Гачевски уште еднаш му изрази љубов на Вардар и истакна дека клубот ќе го носи во своето срце без оглед на тоа каде ќе игра во новата сезона, а актуелниот македонски првак вечерва се огласи со официјална објава за заминувањето на капитенот и му посака многу среќа во кариерата.

– Оваа сезона беше последна во дресот на Вардар за нашиот голман и доскорашен капитен, Филип Гачевски.
Популарниот Гача во Вардар дојде во 2015 година, а од „црвено-црниот“ дрес се збогува со 152 официјални натпревари.

– Беше незаменлив меѓу стативите, а зад него ќе останат запишани три шампионски титули, една титула во Супер Купот на Македонија, како и европскиот успех, најголемиот во 70-годишнината на клубот и пласманот во групната фаза од Лигата на Европа.

– Фудбалскиот клуб Вардар на Гачевски му се заблагодарува на досегашната соработка и му посакува многу успех во понатамошната кариера. Гача ти благодариме и среќно во понатамошната кариера!

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни