Поврзете се со нас

Македонија

Вардар во Гевгелија ќе ги продолжи подготовките за вториот дел од сезоната

Објавено

на

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар се сели во Гевгелија каде ќе ги продолжи подготовките за вториот дел од сезоната.

„Црвено-црните“ изминативе неколку дена работеа во Скопје под водство на новиот тренер Горазд Михаилов, но веќе од утре се селат на југот каде ќе престојуваат седум дена, период во кој ќе се работи на постигнувањето на посакуваната форма.

Иако во јавноста се споменуваат повеќе имиња, Вардар досега нема промовирано ниту едно засилувања, а официјално од клубот си заминаа Христијан Вецески, Владимир Жоглев, Лука Војнески, Лутфи Биљали и Лука Трајкоски.

Вардар во првиот дел од кампањата освои 17 бода на 18 натпревари и го очекува пеколна битка за опстанок во ПМФЛ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни