Поврзете се со нас

Македонија

Вардар во финишот го скрши отпорот на борбениот Металург

Објавено

на

Ракометарите на Вардар влегоа како големи фаворити во некогашното големо скопско дерби со Металург, а мораа добро да се намачат за да стигнат до планираните бодови (38:30).

Металург беше расположен да му парира на шампионот во најголем дел од натпреварот, а на полувреме имаше и водство 18:19.

Составот од „Автокоманда“ ја одржуваше неизвесноста до пет-шест минути до крајот на средбата, но Вардар успеа да издоминира во завршната фаза и на крајот стигна и до убедлива победа 38:30, со резултат кој не го отсликува она што се случуваше во најголем дел од натпреварот од македонската машка ракометна Супер лига.

Дибиров со 8 голови беше најефикасен во победничкиот тим, а еден помалку постигнаа Талески и Моралес. Во редовите на Металург, одличен настап имаше Мане кој го заврши натпреварот со 9 голови.

Вардар ја оствари и шестата победа од исто толку натпревари, задржувајќи го првото место пред Тинекс Пролет, кој денеска славеше на гостувањето кај Струга со 21:24. Ист број бодови како Пролет вечерва ќе има и победникот од дуелот Охрид-Еурофарм.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни