Вардар утре тргнува за Катар на ,,Супер Глоуб”

raul

РК Вардар го помина подготвителниот тест период во Словенија и Германија и утре лета за Катар, каде од 25 до 29 август ќе земe учество на неофицијалното светско клупско првенство, ,,Супер Глоуб” во градот Доха.

Тренерот Раул Гонзалез пред тргнувањето, истакна дека неговиот тим одиграл доста пријателски и контролни средби, кои биле со делумен успех потенцирајќи дека на подготовките посветиле многу внимание на подобрување на физичката кондиција, особено ако се знае дека овој пат противниците ќе бидат многу повеќе мотивирани, ако се знае дека ќе играат против минатогодишен европски шампион.

– Не знам колку сум задоволен, зошто не можеш да бидеш задоволен кога губиш. Но, во Германија нашите противници имаа повеќе контролни средби претходно и порано ги почнаа подготовките. Нас ни беше важно да воигруваме различна одбрана и да бидеме спремни за секое можно сценарио. Исто така, во подготвителниот период трениравме многу повеќе на подобрување на физичката кондиција, особено ако се знае дека овој пат противниците ќе бидат многу повеќе мотивирани ако се знае дека ќе играат против европскиот шампион, – изјави Гонзалез.

Гонзалез дополни дека не знаат ништо за првиот противник во четврт-финалето на ,,СуперГлоуб”,  Гашаран од Иран.

– Не знаеме ништо за противникот. Некои тренери со кои контактирав ни кажуваат дека Гашаран имаат добри играчи. Сега потребно е да бидеме фокусирани и максимално сконцентрирани за да го изиграме зацртаното на тој прв натпревар, па ќе видиме за понатаму, – заврши Гонзалез.

Натпреварот ќе се одигра на 25 август во 14.00 часот. Од Европа, покрај европскиот шампион Вардар, учество ќе земат и Фуксе Берлин, кој е бранител на титулата од минатата година. Специјална покана за учество доби и полуфиналистот од Лигата на шампионите, Барселона.

Facebook Коментари