Вардар утре го пречекува Кристијанштад: Гонзалез дециден, мора да се спречат брзите контри

raul press 1

Ракометниот клуб Вардар е на добар пат да постави рекорд и да ја заврши оваа полусезона без пораз, а ја започна уште со освојувањето на европската шампионска титула. Сега на дневен ред е шведскиот Кристијанштад, познат противник за ,,црвено црните”. Тие досега имаат одиграно пет натпревари, а во минатата сезона успеаа да победат на гостувањето во Шведска со резултат 28:23, а дома успеаа да извојуваат победа со помала разлика од три гола со конечни 32-29. Тренерот на ,,црвено црните” Раул Гонзалез, е дециден дека вардарци ги очекуваа тежок натпревар.

– Не очекува тежок натпревар. Кристијанштад имаат јаки и добри играчи. Нашиот тим е во добра ситуација, немаме ситуација која може да не загрози, го имаме првото место во групата до феваруари. На гости против Кристијанштад одигравме многу добар натпревар, тоа се противници кои играат брзо, имаат добар контранапад. Против Пик Сегед одиграа многу добар натпревар, многу брза игра. Очекувам и тука в сабота да биде слично зашто имаат многу добри играчи, со искуство и играат брз контранапад. Утре имаме тренинзи,-дециден е Гонзалез.

Натпреварот со Кристијанштад е закажан за 2 декември 2017 година во СЦ „Јане Сандански” со почеток во 17,30 часот.

Facebook Коментари