Вардар убедлив со Академија Пандев, само бод за Работнички во Скопје

Rabotnicki-Sileks1

Лидерот Вардар славеше со убедливи 3:0 на гостувањето кај Академија Пандев и со тоа се зацврсти на првото место на табелата во Првата македонска фудбалска лига.

Два гола на Аврамовски и еден на Брдаровски беа доволни за висок триумф на „црвено-црните“, кои сега имаат осум бодови повеќе од „Пандевци“ и Шкендија кои го делат второто место.

По два гола на Жуниор и Ибраими и беа повеќе од доволни на Шкендија да го победи Шкупи со убедливи 4:0, а Борец со минимални 1:0 славеше над Ренова.

Без победник заврши само дуелот меѓу Работнички и Силекс (1:1), на кој домаќините водеа со голот на Марковиќ, но Ѓуриќ го потврди ремито.

Facebook Коментари