Вардар тестира Аргентинец кој бил дел од Ривер Плата

oheda trening

Македонскиот шампион Вардар ги започна подготовките за вториот дел од сезоната, а на тренинзите кои клубот ги одработува во Хиподром има едно ново име-тоа е аргентинскиот интернационалец Лукас Нахуел Охеда.

Тој одреден период ќе биде тестиран, скениран од Чеде Јаневски и неговите соработници, па ако се покажа ќе биде и ангажиран. Инаку Охеда е офанзивен играч кој има 23 години, а во минатото бил дел од јужно-американскиот великан Ривер Плата.

Последен клуб во кој пак настапувал е Депортиво Еспањол од Буенос Аирес. Воедно тој ќе биде дел и подготовките на тимот во Анталија, по што стручниот штаб ќе има појасна слика за неговите квалитети.

Facebook Коментари