Поврзете се со нас

Македонија

Вардар спречи голем срам во Гостивар и во луд пенал рулет го елиминираше Вардар Форино

Објавено

на

blank

Македонскиот првак Вардар после голема драма се пласираше во осминафиналето на Купот на Македонија, откако на гостувањето во Гостивар се спаси од голем срам и шокатна елиминација уште во првата рунда.

Вардар ова попладне играше против Вардар Форино на гостински терен, а она што требаше да претставува лесна победа за фаворитот и изгледаше така до 72-та минута, на крајот се претвори во супер-драма.

Гостите од Скопје дојдоа до комотна предност од 0:2 со головите на Блажевски и Петковски, но кога сите очекуваа мирно да го приведат мечот до крај, избраниците на Васоски беа изненадени, а потоа и силно тестирани во пенал рулетот.

Емир Алиу со два гола во две минути израмни на 2:2 веќе во 75-та минута, па откако мрежите мируваа до крајот, се замина во пенал завршница.

Рулетот од 11 метри беше исклучително возбудлив и драматичен, а по девет изведени серии, на крај како пресудна се покажа утката на Синани по која Вардар се пласираше во осминафиналето во Купот.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни