Поврзете се со нас

Македонија

Вардар: Спахиу нема договор со нашиот клуб, приоритет му е ангажман во странство

Објавено

на

Вардар ќе се обиде во вториот дел од сезоната да покаже ново лице и со новите засилувања, новата енергија да го избегне најлошото сценарио испаѓање од лигата, а во исто време ќе се обиде да стигне што подалеку во Купот на Македонија.

Меѓутоа дека работите во клубот се уште не се средини потврда е најновата ситуација во која во фокусот е Едиз Спахиу, досегашниот најдобар фудбалер на Тиквеш. Имено „црвено-црните“ на официјалната страница на фејсбук која со години беше главен информатор за случувањата објавија дека Спахиу е нов член на најтрофејниот македонски колектив за да денеска ФК Вардар преку веб сајтот објави демант на оваа вест посочувајќи дека тие официјално гласило на клубот.

АД ФК Вардар сака да ја демантира неточната вест пласирана низ спортски портали а преземена од неофицијални фејсбук фан страници.Имено, фудбалерот Едиз Спахиу сè уште нема потпишано договор со нашиот клуб, иако преговорите траат. Тој е во потрага по ангажман во странство.
Клаузулите во неговите документи даваат простор да си најде трансфер заклучно со 20-ти јануари оваа година.

Дали потоа ќе најде заеднички јазик со ФК Вардар, е работа за која фудбалската јавност навремено ќе биде информирана преку оваа веб страна, официјалното гласило на ФК Вардар АД, –се вели во демантот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни