Поврзете се со нас

СЕХА лига

Вардар со втора рутинска победа над Металопластика

Објавено

на

Македонскиот првак Вардар и вторпат рутински ја совлада екипата на Металопластика (26:23) и се пласираше во следната рунда на СЕХА лигата.

По вчерашната победа со која нашиот претставник го најави успешниот двомеч, денеска Стевче Алушовски им даде шанса и на помладите ракометари, а Вардар без проблеми славеше против Металопластика.

Дибиров и Шеваљевиќ со по 5 голови беа најефикасни кај Вардар, но посебно се истакна голманот Кизиќ кој блескаше на голот со дури 17 одбрани.

Во четвртфиналето, „црвено-црните“ ќе играат против ППД Загреб, но тоа нема да се случи набргу, а СЕХА лигата дополнително ќе ги одреди термините за натпреварите.

По крајот на средбата, Вардар со пригоден подарок им се заблагодари на ракометарите кои го напуштаат клубот ова лето, а тоа се Чупиќ, Кизиќ, Јотиќ, Шеваљевиќ, Дисингер, Калараш, Кантегрел, како и на досегашниот тренер Алушовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни