Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Вардар со втор пораз ја заврши сезоната во Лигата на шампионите

Објавено

на

Македонскиот првак Вардар го заврши настапот во ракометната Лига на шампиони со втор пораз во осминафиналниот двомеч со Веспрем.

Откако унгарскиот состав победи убедливо во Скопје, рутински ја комплетираше мисијата со победа на домашен терен со резултат 39:30.

Фаворитот водеше во текот на целиот натпревар, на полувреме имаше предност 20:15, па без проблеми се најде во четвртфиналето.

Дејан Манасков постигна 2 гола од ист број упатени удари во победничката екипа, додека Нилсон и Шишкарев со по 6 голови беа најефикасни кај Веспрем. Во редовите на Вардар, Стоилов и Дибиров постигнаа по 5 погодоци.

Во четвртфиналето, Манасков и Веспрем ќе му се спротивстават на Нант во кој настапува Кире Лазаров и кој го изненади Кјелце во осминафиналето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни