Поврзете се со нас

Македонија

Вардар со соопштение до навивачите пред дербито со Шкупи

Објавено

на

Во сабота се игра ново коло во Првата македонска фудбалска лига, а еден од најинтересните натпревари е градското дерби меѓу Вардар и Шкупи.

Средбата е закажана за 13 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје и во пресрет на истата „црвено-црните“ излегоа со важно соопштение за навивачите и сите оние кои ќе сакаат да го проследат натпреварот во живо.

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

По одржаниот состанок со претставниците на МВР и ФФМ, а во врска со натпреварот против екипата на Шкупи, кој ќе се одигра во сабота од 13:00ч. на Арената ,,Тодор Проески”, донесени се следните одлуки:

Билети ќе се продаваат исклучиво пред југозападниот влез на стадионот, кој воедно ќе биде и единствено отворен за посетители.
Цената на билетите изнесува:
100 денари со членска карта
200 денари без членска карта
Посетителите натпреварот ќе може да го проследат од јужната, односно западната трибина на стадионот.
Внесување на тврди предмети(запалки, лименки, шишиња, монети, пиротехнички средства, алкохол, оружје итн.) ќе биде строго забрането.
Во под трибинскиот простор на јужната, односно западната трибина, ќе бидат поставени штандови за продажба на пијалоци, кои ќе работат во текот на целиот натпревар. Ги молиме сите посетители да се придржуваат до наведените правила, -порачуваат од Вардар.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни