Поврзете се со нас

Македонија

Вардар со прва победа во новата сезона во Суперлигата

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rfmofficial

Ракометарите на Вардар 1961 го забележаа првиот триумф во новата сезона во Суперлигата и тоа против новајлијата во шампионатот составот на Бисинов.

Скопскиот тим славеше со 31-24 во натпревар во кој имаше добри и лоши моменти, односно немаше констатност во играта низ сите 60 минути, но и вака дојде до посакуваната цел.

Вардар прими 14 гола во првото полувреме кое го заврши со плус два, додека по паузата одигра поцврсто во дефанзивата за конечни плус седум на крајот.

Стефан Петриќ со 7 гола беше најефикасен на средбата, а Милан Лазаревски даде 5 гола.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни