Поврзете се со нас

Македонија

Вардар со пресврт го сруши Караорман

Објавено

на

Фудбалерите на Вардар ја прокнижија четвртата победа во Втората македонска лига и тоа на гостувањето во Струга каде беа подобри од Караорман со 2-1.

„Црвено-црните“ имаа негатива од 1-0 по првите 45 минути, но во вториот дел го свртија резултатот во своја полза и тоа со погодоците на Десниќ и Жоглев. Со овој триумф скопскиот тим дојде до 13 бод со што е на делба на првото место на табелата со Воска која вчера ремизираше со Гостивар (2-2).

Тимот пак на Пелистер беше подобар од Охрид со 1-0 и тоа со голот од пенал на ветеранот Маневски.

Резултати:

КАРАОРМАН – ВАРДАР 1-2

ОХРИД – ПЕЛИСТЕР  0-1

КАМЕНИЦА САСА – БЕЛАСИЦА 1-1

ДЕТОНИТ – АРСИМИ 3-1

БЕСА – СЛОГА ВИНИЦА 3-2

БОРЕЦ – КОЖУФ  0-2

ПЕХЧЕВО (ЛОКОМОТИВА) – ТЕТЕКС  0-0

ГОСТИВАР – ВОСКА  (ВЧЕРА) 2-2

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни