Поврзете се со нас

Македонија

Вардар со победа ги заврши подготовките во Анталија

Објавено

на

foto:www.facebook.com/FKVardarSkopje

Тимот на Вардар оствари победа над вториот тим на Рапид Виена (3-1) во последниот тест натпревар на подготовките во Анталија.

Ова за избраниците на Гоце Седлоски беше прво славје во овој период, а до истиот стигнаа благодарение на головите на Босанчиќ во првото и на Мато и Талески во второт полувреме.

На вкупно шест контроли, Вардар имаше учинок од една победа, три реми и два пораза, со вкупна гол-разлика 6-6.

Сега „црвено-црните“ ќе се вратат на домашно тло и останува да се види дали ќе биде закажан уште некој пријателски меч пред официјалниот страт на вторито дел од сезоната и пресметката со Шкендија закажана за 16 февруари во Скопје.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни