Поврзете се со нас

Македонија

Вардар со долго соопштение информираше за тренерска смена на Недановски (Фото)

Објавено

на

Македонскиот вицешампион Вардар загуби од Порто на домашен терен во Европската Лига, па иако се рехабилитираше со победа во домашното првенство, водечките структури на клубот денеска објавија дека Владо Недановски во иднина нема да го води првиот тим.

Претседателот Михајло Михајловски со свое долго обраќање во приложеното сооштение ја пренесе веста за крај на тренерскиот ангажман на Недановски, кој сепак ќе остане тесно поврзан со Вардар и ќе остане дел од клубот и во иднина.

– Со сегашниот тренер Владо Недановски заеднички се договоривме дека во овој момент, и во интересен на клубот е најдобро некој друг тренер да продолжи со тимот, и да се обидеме заеднички да го оствариме она што е наша цел сезонава.

– Во овој период е тешко да се најде квалитетен а слободен тренер, но веќе преговараме со тројца добри тренери, кои не се од блиското опркужување. Сигурен сум дека до среда (30 октомври) ќе го имаме името на новиот тренер. За сите условот е најдоцна до 15 ноември да почнат да работат со тимот. До тогаш тимот ќе го води Стојанче Стоилов, сегашниот помошник тренер.

– Во ракомет е пракса дека кога нешто не оди, прво да се смени тренерот, иако не сме задоволни ниту од дел од играчите кои не го дадоа она што го очекуваме од нив, и тие треба да се замислат за својот иден статус во РК Вардар. Најважно е максимумот да го дадат на тренинзите, бидејќи како се тренира, така и се игра.

– Со досегашниот тренер, Владо Недановски пријателски се договоривме да остане и понатаму дел од клубот, и заедно сите да работиме на постигнување на подобри резултати на сите полиња. Верувам дека ќе успееме во тоа, бидејќи патот е веќе трасиран, и треба само да бидеме упорни во одењето кон врвот, – стои во соопштението на РК Вардар, кое инаку е лично обраќање на претседателот Михајло Михајловски.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни