Поврзете се со нас

Македонија

Вардар со 12 засилувања го комплетираше зимскиот преоден рок

Објавено

на

Екипата на Вардар ја очекува битка на две полиња во продолжението од оваа сезона и тоа во шампионатот и Купот, па упрабата на клубот беше доста активна во овој зимски преоден рок кој официјално е завршен за скопскиот тим со дванаесет засилувања.

Имено од Вардар стигна информација дека ростерот е комплетиран, па сега останува на тренерот Седлоски и играчите да ги испорачаа резултатите кои се очекуваат.

Ова се играчите кои пристигнаа оваа зима: Давор Талески, Мичал Пинтер, Георгије Јанкулов, Михаил Маневски, Едиз Спахиу, Мите Цикарски, Димитар Тодоровски, Михаил Талевски, Мислав Матиќ, Фаустин Сенгхор, Мато Касим Роџерс и Мануел Куестас.

„Црвено-црните“ се на 11 место во ПМФЛ, додека во четвртфиналето на Купот ќе ги одмерат силите со Силекс.

Кога е во прашање најтрофејниот македонски тим, тој денеска имаше уште еден тест во Анталија и одигра без голови во соочувањето со унгарски Чаквар и тоа во дуел во кој Спахиу не реализираше удар од белата точка.

 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни