Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Вардар службено го доби мечот со Мешков Брест, па го дозна и својот ривал во осминафиналето во ЛШ!

Објавено

на

Европската ракометна Федерација излезе со официјален допис и соопшти дека сите тимови ќе ги добијат службено мечевите кои требаше да ги одиграат со руски и белоруски тимови, а тоа автоматски значи дека Вардар обезбеди пласман во нокаут рунда во Лигата на шампионите.

Македонскиот првак запиша нови два бода поради службената победа против Мешков Брест и последниот меч со Елверум нема да има никакво резултаско значење, бидејќи Вардар ќе заврши петти во својата група.

Со ова, Вардар го дозна и својот ривал во осминафиналето во Лигата на шампионите, бидејќи Веспрем не може да оди ниту погоре, ниту подоле во својата група.

Унгарскиот великан е на четвртото место и така ќе остане до крајот, што значи дека ќе гледаме нова голема европска пресметка меѓу Вардар и Веспрем во најелитното натпреварување.

Пресметките против Веспрем секогаш носат возбуда и неизвесност, а оваа година дуелите со Унгарците ќе бидат специјални и за Давид Дејвис кој до неодамна го водеше тимот за кој настапува и Дејан Манасков.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни