Поврзете се со нас

Македонија

Вардар славеше над Металург во тестот во Скопје

Објавено

на

Ракометарите на Вардар 1961 славеа над Металург со 34-26 на пријателскиот натпревар што се одигра во Скопје.

Двата тима ги немаа на располагање сите играчи, дел од нив се на СП во Египет, некои се повредени, но без разлика на тоа ова беше добар тест како за „црвено-црните“ така и за металурзите да бидат до каде се во овој момент.

Вардар првиот дел го реши со 14-12, предност која продолжи да расте во вторите 30 минути за конечни на крајот плус осум за составот предводен од Стевче Алушовски.

-Го искористивме периодов да одиграме една контролна средба со Металург и да видиме до каде сме со формата. Било каков натпревар е подобар и од најдобриот тренинг. Сакавме да ја разбиеме таа монотонија со тренирањето и да одиграме меч. Иако сме некомплетни со отсуство на речиси половин атим сепак и ваков натпревар ни дава слика за она то го работиме, -истакна тренерото на Вардар, Алушовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни