Поврзете се со нас

Македонија

Вардар сигурен во пресметката со Пролет, Охрид без проблеми во „Билјанини Извори“

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rkvardar

Ракометарите на Вардар 1961 ја забележаа деветта победа во десеттиот натпревар од групата Б во Суперлигата.

Поранешниот македонски шампион славеше во градската пресметка против Тинекс Пролет со 28:24. Фаворитот се стекна со убедлива предност во првиот дел (17-10), па вторите 30 минути беа чиста рутина, комплетирање на започнатата работа.

Лазаревски беше автор на 6 гола, а по 5 постигнаа Петриќ и Ѓукиќ. На спротивната страна Арсеновски, Андоновски и Димовски имаа по 5 реализации.

ГРК Охрди пак немаше никави проблеми во соочувањето со МРК Куманово во „Билјанини Извори“. Домаќините триумфираа со 33:25 во средба во која Шипинкоски и Бојаниќ беа најефикасни со по пет голови.

Кај поразените, Гамзардија имаше седум погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни