Вардар си поигрува со противниците и си руши рекорди: Постигнат 100.триумф во Сеха лигата

Vardar

Настапот на Вардар во Хрватска  и победата над Нексе ја продолжија низата на триумфи во СЕХА лигата и им донесе нов рекорд.Тие ја забележаа  100. победа во СЕХА Газпром лигата. Трикратниот победник на лигата е единствен тим што стигнал до оваа бројка на вкупно 132 одиграни натпревари.

Вардар има одиграно вкупно 132 натпревари во Сеха лигата, има дадено 3963 гола, примено 3379, со просек од 30 постигнати голви по натпревар. Минатата натпреварувачка сезона за Вардарци беше една од најуспешните (според сегашниот систем со 10 екипи) со 17 победи, две ремија и само еден пораз, со постигнати 661 гол.

Актуелниот европски шампион е еден од четирите клубови во СЕХА лигата што се натпреваруваат од основањете на лигата од сезоната 2011/2012. Вардар е еден од двата тима што играл на сите досегашни Ф4 турнири. Од тоа петпати играл во финале, и трипати победил, рекорд што досега ниту една друга екипа го нема постигнато.

Facebook Коментари