Поврзете се со нас

Македонија

Вардар си најде среден бек кој ќе го замени Сташ Скубе: Ракометар на ППД Загреб од следната година во Скопје

Објавено

на

Вардар го реши и претпоследното прашање во ростерот кој ќе се соочи со предизвиците следната сезона откако договори ангажман на среден бек кој ќе го замени Сташ Скубе.

Имено, нов ракометар на се уште актуелниот европски владетел ќе биде играчот на ППД Загреб, Анте Гаџа.

Иако хрватските медиуми пишуваа дека Гаџа е далеку од Вардар, тој и официјално ќе биде наследникот на Сташ Скубе во „црвено црниот“ дрес.

Станува збор за играч кој зад себе има сосема солидна сезона во СЕХА Лигата и во Лигата на шампионите.

Најелитното натпреварување го заврши со вкупно постигнати 40 погодоци, со блескави партии против Алборг (9 гола), Пик Сегед (7 гола) и Елверум (8 гола).

Слична му беше статистиката и во СЕХА Лигата која ја заврши со вкупно постигнати 32 погодоци со успешен процент на реализација од 73%.

Гаџа потпиша едногодишен договор со можност истиот да биде продолжен на уште една дополнителна сезона и е најново засилување по Јагуриновски, Санталов, Кантегрел, Талески и Георгиевски кои претходно се приклучија на составот на Стевче Алушевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни