Поврзете се со нас

Македонија

Вардар се засили со некогашен талент на Аталанта (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: www.pomurec.com/

Тимот на Вардар продолжува да биде активен на пазарот и да пронајде решенија кои ќе му овозможат добар настап во вториот дел од домашниот шампионат каде главна цел ќе биде да се обезбеди опстанок во елитната конкуренција.

„Црвен0-црните“ во изминативе денови како засилувања ги потврдија Дејан Ѓуриќ, Марјан Алтипармаковски и Мустафа Мујезиновиќ, а најновото договорено име е Лука Шушњара. Шушњара е некогашен младински репрезентативец на Словенија, играч кој ги покрива крилните позиции и кој во Скопје доаѓа од Валета од Малта.

Тој како младинец бил дел од калчолигашот Аталанта што јасно говори дека имал квалитет и потенцијал. Потоа се враќа дома каде по настапите за неколку клубови се сели во Франција, Полска, па одново се враќа во Словенија каде преку Табор Сежана и Копер доаѓа до Шибеник и Валета за да сега дојде во најтрофејниот македонски тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни