Поврзете се со нас

Македонија

Вардар се засили со играч од големиот ривал Пелистер

Објавено

на

Откако донесе голем број засилувања, Вардар почна да се ослободува од фудбалерите кои не се во плановите на тренерот Гоце Седлоски, кој инаку вчера на брифингот со новинарите соопшти дека клубот до крајот на преодниот рок ќе му обезбеди уште најмалку два-три фудбалери.

Целта на Вардар во вториот дел од сезоната ќе биде да обезбеди опстанок во фудбалската елита, но бидејќи Седлоски сака да се нападне и Куп трофејот, играчкиот кадар мора да биде далеку поквалитетен од оној во првиот дел од шампионатот.

Скопскиот клуб денеска потврди дека договорил уште еден фудбалер кој настапуваше за ривал во Првата лига, а тоа е 20-годишниот Михаил Талевски.

Напаѓачот прави трансфер во Скопје откако порано денеска се раздели со Пелистер, па така комплетира трансфер кој прави Седлоски да има уште еден адут во офанзивата

Во досегашниот тек на зимскиот преоден рок, Вардар во своите редови ги доведе и Мите Цикарски, Михал Пинтер, Георгије Јанкулов, Михаил Маневски, Димитар Тодоровски, Давор Талески и напаѓачот Едиз Спахиу.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни