Поврзете се со нас

Македонија

Вардар се засили со црногорскиот бек Шеваљевиќ

Објавено

на

Македонскиот ракометен првак Вардар денеска потврди дека ги засилува своите редови со Васко Шеваљевиќ.

Црногорскиот репрезентативец ќе ги засили црвено-црните на позицијата лев бек, а уште утре ќе им се приклучи на своите соиграчи.

Шеваљевиќ доаѓа од француски Истр и потпишал 18-месечен договор со Вардар, објави клубот.

Иако засилувањето нема да биде во комбинација за мечот со Војводина, тренерот Стевчо Алушовски ќе може да смета на неговите услуги веќе за дуелот со Нексе, кога се очекува официјалното деби на Шеваљевиќ во дресот на Вардар.

Црногорецот во својата кариера има настапувано и за Трембле, Тулуз, Хановер, Динамо Минск и Сан Антонио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни