Поврзете се со нас

Македонија

Вардар се засили со Бразилец кој има освоени два Куп трофеи во Македонија

Објавено

на

Повратникот во најсилната домашна фудбалска конкуренција тимот на Вардар обезбеди уште едно засилување за натпреварувачката 2023/2024.

Пред неколку дена беше официјализиран трансферот на Владица Брдаровски, а сега клубот ја информираше јавноста дека е ангажиран 26-годишниот Матеус Лемос Да Силва. Се работи за играч кој и е добро познат затоа што претходните две сезони беше дел од Македонија Ѓорче Петров, тим со кој освои два Куп трофеи.

Лемос е офанзивец кој дефинитивно ќе донесе свежина во играта на „црвено-црните“ и ќе биде значајна опција за тренерот Грнчаров.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни