Поврзете се со нас

СЕХА лига

Вардар се враќа со пораз од СЕХА гостувањето кај Мотор

Објавено

на

blank

Вардар доживеа убедлив пораз (30:23) на гостувањето кај Мотор во рамките на СЕХА лигата, епилог кој беше најавен уште по првото полувреме по кое украинскиот тим имаше висока предност.

Домаќините поведоа со 6:0 и уште тогаш најавија дека одат на сигурна победа, а во првиот дел неколку пати водеа со осум голови разлика, за на полувреме да заминат со предност од 16:9.

Иако Вардар парираше подобро во вторите триесет минути, немаше сили да ја стопи негативата, Мотор во еден момент водеше 23:13, па на крајот беше задржана предноста од полувремето за конечни 30:23.

Шеваљевиќ постигна 5, а Талески, Димитриоски и Карапалевски по 4 голови за црвено-црните, додека кај Мотор, Миноцкиј, Бурзак и Хориха го завршија натпреварот со по 6 голови.

За Вардар ова е прв пораз во СЕХА, додека Мотор има две победи од исто толку натпревари во групата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни