Вардар се упати кон Турција: Врвни подготовки за врвни резултати

Vardar Antalija

Стручниот штаб и фудбалерите на Вардар рано сабајле од аеродромот ,,Александар Велики” се упатија во најелитното турско одморалиште, Анталија каде во наредните три недели ќе ги одработат зимските подготовки и ќе се спремаат за за вториот дел од сезоната во првата македонска лига.  Попладнево Вардар ќе пристигне во својата база во хотелот „Каја Палацо“, а ќе го одработи и својот прв тренинг.

Во исто време, на подготовки во Анталија се и екипите на Заглебје Лубин (Полска), Словачко (Чешка), Берое (Бугарија), Черноморец Одеса (Украина)и тимот на Дукла Прага (Чешка)со кои Вардар договори средби за да ја тестира формата на своите играчи.

Инаку, ,,црвено-црните” заминаа без двајца стандардни првотимци,  Бобан Николов и Висар Муслиу кои веќе се во преговори со други тимови за заминување од Вардар.

Facebook Коментари