Поврзете се со нас

Македонија

Вардар се раздели со талентираниот српски фудбалер кој го ангажираше изминатото лето

Објавено

на

Вардар е еден од најактивните клубови на трансфер пазарот овој јануари и јасно е дека Горазд Михајлов ќе излезе со сосема различен тим во вториот дел од сезоната, бидејќи покрај потврдените засилувања, си заминаа и неколку играчи кои беа стандардни во првиот дел од сезоната.

Со оглед на ситуацијата на табелата, Вардар како главна цел до крајот ќе има да обезбеди опстанок и да остане во елитата, а таква одговорност сепак нема да има талентираниот фудбалер од Србија.

Најтрофејниот македонски клуб попладенево соопшти дека спогодбено се разделува со Миихајло Милосавиќ, кој инаку пристигна во Скопје во летниот преоден рок.

– Михајло Милосавиќ повеќе не е дел од ФК Вардар. За црвено-црните одигра вкупно 14 натпревари, од кои 12 во рамки на ПМФЛ, на кои постигна 2 гола, и 2 натпревари во рамки на Купот, на кои постигна еден гол.

– Во името на клубот му се заблагодаруваме за ангажманот и му посакуваме многу успех во понатамошниот дел од кариерата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни