Вардар се раздели со двајца важни играчи

Vardar-radost

Екипата на Вардар во неделата со триумфот над Шкупи во Купот на Македонија ги заврши обврските за оваа натпреварувачка 2017 година, но „црвено-црните“ веќе почнаа да влечат потези за 2018 во која дел од клубот нема да бидат двајца играчи Џамбул Џигаури и Итало Хозе Оливеира Дос Сантос.

Грузиецот и Бразилецот можеби не беа стандардни, но секогаш беа во комбинација за настап кај тренерот Чедомир Јаневски. На двајцата им истекоа договорите, а актуелниот шампион одлучи истите да не ги продолжи.

Џигаури една година беше дел од Вардар, забележа 40 настапи, а најважниот погодок го даде во Истанбул во реваншот против Фенербахче со што го отвори патот кон пласман во главаната фаза на Лига Европа.

Итало дојде летоска, одигра 17 мечеви на кои даде 4 голови меѓу кои и оној против Розенборг во Скопје.

Facebook Коментари