Вардар се разбуди во второто полувреме и победнички се одјави од „Јане Сандански“

cupic-siskarev

Ракоматерите на Вардар со победа над Татран Прешов од 28-26 ги завршија своите настапи на домашен терен во оваа календарска година.

Македонскиот шампион го доби овој меч од СЕХА лигата со пресврт во второто полувреме по скоро исто сценариот како на претхоната пресметка со Војводина. Имено „црвено-црните“ по првите 30 минути имаа минус четири во СЦ „Јане Сандански“ (13-17) за да во продолженито одиграа далеку подобро, поквакитетно, поангажирано на двете страни на теренот за конечна победа од два разлика.

Со овој триумф во кој се истакнаа Чупиќ и Атман со по 5 голови составот на Вардар го завери првото место во групата А, односно сега ќе мора само уште да го одигра натпреварот со Нексе на гостински терен.

Лапајне пак со 6 гола беше најдобар стрелец кај словачкиот претставник.

Facebook Коментари