Поврзете се со нас

СЕХА лига

Вардар се провлече против Нексе и ќе игра на завршниот турнир во СЕХА лигата

Објавено

на

Ракометарите на Вардар загубија од Нексе, но ќе играат на завршниот турнир во СЕХА лигата кој е закажан за од 4 до 6 септември во Задар.

„Црвено-црните“ беа пред елиминација со оглед на тоа што играа многу лошо во вториот дел, па на пет минути до крајот губеа со 24-20. Сепак самата завршница мина во знакот на домаќините кои успеаа да се изборат за пораз од 26-25 (13-13), пораз кој им одговараше со оглед на тоа што првара средба во Нашице ја добија со 31-30.

Дизингер и Чупиќ со по 5 голови беа најпрецизни кај вардарци, додека голманот Ристовски имаше 9 одбрани. Кај хрватскиот преставник Јагањац даде 8 голови, голманот Цар пак забележа 10 интервенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни