Поврзете се со нас

Македонија

Вардар се посрамоти на „Тодор Проески“ и ги разлути „Комити“, Шкендија е осамен лидер во Првата лига

Објавено

на

Foto:facebook.com/FKVardarSkopje

„Комити“ испратија закана до управата на Вардар и испорачаа последна опомена по поразот од Шкупи, но јасно е дека најверните навивачи на најтрофејниот македонски клуб ќе бидат уште погневни ова попладне.

Вардар на домашен терен ја пречека Воска и се очекуваше да се врати на победите, но наместо тоа, „црвено-црните“ понудија хорор сценарио за своите навивачи на трибините.

Тимот кој во моментов е предводен од Горан Петрески играше прескромно прво полувреме, но отворањето на второто беше кошмарно и Воска успеа да постигна три гола во краток временски интервал.

Првиот гол пристигна по една голема грешка на Гачевски и едноставен гол на Ибраими, потоа следеше автогол на Мециновиќ, за во 65-та минута да видиме спектакуларен гол на Јахја за 0:3.

Во наредните неколку минути, Вардар беше целосно распаднат и Јахја за малку не постигна и втор гол за 0:4, по што следеа серија свирежи од трибините на која се наоѓа навивачката група „Комити“. Вардар во завршницата успеа да постигне почесен гол преку Шаркоски за 1:3, но тоа не ги смири страстите меѓу навивачите кои јасно го искажаа својот револт по последниот судиски свиреж.

Со третиот пораз на четвртиот меч, Вардар е на делба на последното место со Брера Струмица, а од денеска самостоен лидер е Шкендија која со 2:0 го победи Пелистер.

Прва лига резултати:

Вардар – Воска Спорт 1:3

Беса – Работнички 0:0

Шкендија – Пелистер 2:0

Силекс – Шкупи 2:1

Струга – АП Брера 2:0

Тиквеш – Гостивар 0:0.

 

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни