Поврзете се со нас

Македонија

Вардар се пофали со потписот на холандски репрезентативец

Објавено

на

Ракометот во Холандија сериозно напредуваше како спорт во последните неколку години, а тоа придонесе да го видиме и првиот играч од оваа земја на мак-сцената.

Вардар денеска се пофали со потписот на холандскиот репрезентативец Ларс Коиј, кој се согласил да потпише едногодишен договор со најтрофејниот клуб во нашата земја.

– Возбуден сум поради мојот трансфер во РК Вардар. Приклучувањето кон еден ваков престижен и докажан клуб е вистинска чест. Навистина сум возбуден поради можностите и предизвиците што ми претстојат. Сакам да ги покажам своите вештини на друго ниво и да научам повеќе и различни работи за да растам како играч. Нестрплив сум да дадам се од себе на теренот и да имам позитивно влијание и на теренот и надвор од него, – изјави Ларс Коиј.

Ларс игра на позицијата пивотмен и се очекува да биде движечка сила во тимот во офанзивен план, а во Скопје доаѓа по авантурата која ја имаше во Хам Вестфален во германија.

Коиј е холандски репрезентативец и играше на последните две Европски првенства, а вкупно има 25 настапи за најсилниот национален тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни