Македонија
Вардар се пофали со две нови засилувања за пролетниот дел од сезоната (Фото)

Вардар направи низа промени во текот на зимскиот преоден рок и убедливо најголема е тренерската смена, но коренити промени претрпе и тимот со кој сега ќе раководи Горазд Михајлов.
Јасна цел на Вардар ќе биде да избегне испаѓање во Втора лига во пролетниот дел од сезоната, а тимот од денеска е посилен за уште двајца фудбалери.
„Црвено-црните“ во првата фаза од денот успеаја да претстават две засилувања, Хрватот Михаел Бришки и Гамбиецот Кебел Сусо.
– 25 годишниот интернационалец од Хрватска Михаел Бришки е нов играч на ФК Вардар. Игра на позициите дефанизивен играч за врска и централен дефанизивен играч, потекнува од младинската академија на Динамо Загреб со која настапувал во младинската Лига на шампиони, а во својата кариера настапувал и за екипите на Табор Сежана (Словенија), Сесвете (Хрватска), а во нашите редови доаѓа од екипата на Санџулијано од италијанската Серија Д каде изминатата полусезона настапи на 21 натпревар. Бришки има настапувано за репрезентација на Хрватска во селекциите до 17 и 19 години.
– Кеба Кебел Сусо е нов играч на ФК Вардар. 26 годишниот напаѓач од Гамбија ни доаѓа од екипата на Јадран Декани од Словенија каде постигна 7 голови на 12 натпревари, а во досегашниот тек на кариерата настапувал и за екипите на Атард и Викторија Хотспурс на Малта.
-
НБА14 часа
Ерата Дончиќ започна со охрабрувачка победа, несопирливиот Јокиќ броеше до 40 (Видео)
-
Свет11 часа
Модриќ ја издвои омилената „десетка“ од младите ѕвезди: Тој има светла иднина
-
Италија23 часа
Интер го возврати ударот и му се „залепи“ на лидерот Наполи (ВИДЕО)
-
Шпанија10 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Франција9 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
Балкан13 часа
Јеличиќ: Ристовски последниот добар меч го одигра уште кога не постоеше Северна Македонија
-
Англија22 часа
Ловрен за ситуацијата на Салах во Ливерпул: Знам многу работи…
-
НБА9 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)