Македонија
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски

Вардар со огромни промени во играчкиот кадар ги започна зимските подготовки за пролетниот дел од сезоната, а еден ден откако стартуваа моторите, клубот организираше брифинг со новинарите заедно со тренерот Седлоски, но и сите последни засилувања.
Македонскиот великан во името на претставниците најави дека главна цел во вториот дел од сезоната ќе биде да се избори опстанок во елитата, но исто така се постави и цел да се стигне до трофејот во Купот.
Тренерот Седлоски и останатите засилувања добија можност да се обратат пред јавноста, но интересно е што на денешниот собир беше потврдена разделба со двајца искусни фудбалери кои се уште се дел од првиот тим.
Главните подготовки на „црвено-црните“ ќе стартуваат во Анталија на 18-ти јануари, а денеска беше соопштено дека дел од експедицијата во Турција нема да бидат Дарко Мицевски и Владица Брдаровски.
Досегашниот капитен Мицевски најверојатно ќе биде испратен на позајмица, додека Брдаровски бил информиран дека е ослободен од обврските кои ги има кон Вардар, па сега како слободен агент ќе може да си бара нов клуб.
-
НБА16 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Италија12 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
Шпанија10 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Шпанија14 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
НБА17 часа
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
Италија6 часа
Рома победи со мајсторски слободен удар, Сузуки ја имаше одбраната на сезоната (ВИДЕО)
-
АТП11 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Американски спортови9 часа
Хокеарскиот дуел на Канада и САД донесе три тепачки уште во првите девет секунди (Видео)