Поврзете се со нас

Европски купови

Вардар се одјави од Европа со победа над Мелсунген

Објавено

на

Foto:www.facebook.com/rkvardar

Вардар остана без шанса за пласман во следната фаза на ЕХФ Лигата на Европа уште пред две рунди, но македонскиот претставник достојно ја доработи групната фаза и денеска се одјави со победа од ова натпреварување.

„Црвено-црните“ решија денеска да си билдаат самодоверба по важната победа остварена над Алкалоид пред неколку дена, па така вечерва на домашен терен го решија и Мелсунген.

Новиот тренер Милано имаше од што да биде задоволен на вечерашниот меч, бидејќи Вардар победи против тимот кој имаше пет од пет во групната фаза.

Вардар имаше фаза во која контролираше три гола позитива во првиот дел и најави дека може да игра во костец со фаворитот, па иако на полувреме се замина со 17:17, составот на Милано успеа да биде подобар во клучната фаза.

Вардарци си осигураа 30:27 на неколку минути пред крајот, па иако Мелсунген се врати со два гола во низа, домашниот тим повторно имаше одговор и на крајот славеше со 32:30 за втора победа на шестиот настап во Лигата на Европа.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни