Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Вардар се најде во вториот шешир за ждрепката за групната фаза на ЛШ

Објавено

на

Двократниот европски шампион Вардар ќе биде сместен во вториот шешир за ждрепката за групната фаза на Лигата на шампионите.

Иако учеството на „црвено-црните“ е под знак прашалник по последната одлука на ЕХФ, скопскиот состав ќе се најде во извлекувањето кое е закажано на 2 јули од 11 часот во Виена. Во вториот „барабан“ заедно со Вардар се Алборг, Кјелце и Порто на Никола Митревски, додека во најдобриот се сместени Барселона заедно со ПСЖ, Кил и Пик Сегед.

Во „тројката“ има место за Дејан Манасков и Веспрем, Мешков Брест, Флензбург и Монпеје, додека во последниот се Мото, ППД Загреб, Елверум и Динамо Букурешт.

Ќе се формираат две групи од по осум екипи, ќе се играат по 14 мечрви во основиот дел по што првите две екипи од групите обезбедуваат пласман во четвртфиналето, додека оние од третата до шестата позиција ги очекува плејоф разигрување.

Воедно останува да важи правилото дека две екипи од иста земја не можат да играат во иста група.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни