Поврзете се со нас

Македонија

Вардар се испоти во дуелот со Охрид, Еурофарм Пелистер рутински против Бутел

Објавено

на

Foto:www.facebook.com/rkvardar

Вардар и Еурофарм Пелистер се под уште поголем притисок за добри резултати после извонредниот старт на сезоната кој го има тимот на Алкалоид, па двата великани веќе немаат право на грешка како што беше тоа случај во минатото и мора да влегуваат максимално на секој натпревар.

Најтрофејниот македонскиот колектив денеска добро се испоти за да оствари победа во натпреварот против ГРК Охрид, бидејќи гостите во добар дел од мечот се закануваа за сензација.

Охрид беше подобар во првите две третини од првото и второто полувреме, но Вардар беше на висина на задачата кога беше најпотребно, па така го доби овој натпревар со 29:26.

Столе Стоилов мораше да бара најдобро издание од своите играчи за да се освојат бодовите во Скопје, а Стефан Петриќ со шест голови беше најефикасен во домашниот табор.

За разлика од Вардар, Еурофарм Пелистер беше доста поубедлив против Бутел, па така во меч кој го диктираше од почеток до крај, на крајот славеше со 24:29.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни