Вардар сака да го реши Целје пред ЕХФ неделата

raul

Вардар во изминативе две месеци постојано беше активен и имаше натпревари на два фронта со тоа што овој прв дел ќе биде завршен со средбата против Целје во СЕХА лигата пред ЕХФ неделата резервирана за репрезентативните активности.

Двета состави во изминативе неколку години имаа многу дуели, па добро се познаваат и знаат каков стил на игра практикуваат. Целје по 5 рунди има 3-1-1, а пак Вардар е максимален со 5-0 и неговата цел е слави и да го задржи максималниот учинок во регионалното натпреварување.

– Пред нас е многу брз натпревар, тоа е стилот на Целје кога е домаќин. Го гледавме сега нивниот мечот со Кјелце, имаат млади и поискусни играчи. Одбраната е интензивна со голем притисок и лично очекувам тежок натпревар. Мора да се бидеме спремни на се никогаш не се знае како тие ќе играат. Не е икслучено да имаат нови комбинации. Треба да играме како досега, максимално сконцентрирани на она што не очекува, -рече тренерот Раул Гонзалес.

Средбата Целје-Вардар се игра в сабота во 17,45 часот.

Facebook Коментари