Поврзете се со нас

Македонија

Вардар сака да го ангажира поранешниот „бомбардер“ на Кил и Веспрем

Објавено

на

Вардар се уште го нема затворено ростерот за следната натпреварувачка кампања, а една од позициите која дефинитивно треба да се засили е десен бек, позиција која во минатата сезона ја покриваа Даинис Криштопанс и Жозе Толедо.

Со оглед на тоа што двајцата си заминаа, „црвено-црните“ мора да донесат замена и една од опциите е Марко Вујин. Искусниот Вујин ја заврши епизодата во Спортинг и сега е во потрага по нов ангажман и истиот според „Балкан-хендбол“ и „Хендбол-планет“ може да биде во Вардар.

Вујин е проверен играч кој во минатото играше за Веспрем и Кил, тимови за кои даваше по 89, 98, 103 голови во најдобрите сезони во ЛШ што јасно говори за неговиот квалитет.

Меѓутоа кога се во прашање двете негови последни кампања во елитното натпреварување во Кил и Спортинг, Србинот даде вкупно 37 голови. Останува да видиме дали Вардар ќе го донесе Марко кој во месец декември ќе го прослави 36 роденден.

„Црвено-црните“ досега ги ангажираа Филип Талески, Гоце Георгиевски, Томислав Јагуриновски, Дмитри Санталов и Робин Кантрегел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни