Вардар рутински со Војводина, младите Ѓорѓески и Поповски ја искористија шансата

Vardar-Vojvodina

СЕХА шампионот Вардар нанижа уште една победа во регионалното ракометно натпреварување, вечерва совладувајќи ја Војводина со убедливи 37:22.

Разликата во класи е очигледна, а екипата која истовремено е и европски шампион на полувреме водеше со 17:13, за голем дел од конечната позитива да ја направи во вториот дел.

Младиот Мартин Поповски максимално ја искористи шансата постигнувајќи 10 голови на оваа средба, а зад него беше пикерот Мораеш со 6 погодоци. Одличен настап имаше и талентираниот голман Даниел Ѓорѓески кој го заврши натпреварот со 18 одбрани. Кај Војводина најдобар реализатор беше Трифковиќ со 6 голови.

Вардар стигна до деветтата победа на исто толку натпревари и останува со убедлива предност пред ривалите.

Facebook Коментари