Вардар рутински прокнижи нова победа над ППД Загреб

Diribov-Zagreb

Ракометарите на Вардар рутински стигнаа до петтата победа во СЕХА лигата, вечерва совладувајќи го на домашен терен ППД Загреб со убедливи 30:23.

Актуелниот победник на регионалното натпреварување ја реши дилемата за освојувачот на бодовите уште во првото полувреме кое го доби со 17:10, за во вториот дел без проблеми да ја задржи таа предност. За „црвено-црните“ ова е петта победа на петтиот натпревар и остануваат единствена екипа без пораз во СЕХА.

Вечерва најефикасни беа Карачиќ и Дибиров со по 6 гола, додека Борозан постигна еден помалку. На голот расположен беше Милиќ со 17 одбрани, а 2 одбрани собра и младиот Ѓорѓески. Кај хрватскиот првак ППД Загреб, најдобар реализатор беше Мандалиниќ со 8 гола.

Facebook Коментари