Вардар рутински одговори и на предизвикот Нексе

kristopans

Ракометарите на Вардар ја продолжија низата на триумфи во СЕХА лигата со тоа што сега позитивно одговорија на предизвикот Нексе, состав кој го поразија пред неговите навивачи во Нашице со 30-21.

Домашниот тим се надигруваше со „црвено-црните“ само во првите 20 минути (9-8), по што следуваше серија од 4-0 на шампионот со што го презема водството кое во продолжението само го надоградување.

На паузата четата на Гонзалес имаше 15-11, па преку одлична игра во вториот дел дојде и до плус девет. Милиќ со 12 одбрани и Кристопанс со 6 голови беа најзапазени играчи кај македонскиот претставник кој сега има осум од осум во оваа регионална конкуренција.

Сршен со 6 погодоци ја предвоше листата на стрелци кај Нексе.

Facebook Коментари