Поврзете се со нас

Македонија

Вардар рутински ја доби скопската пресметка со Бутел

Објавено

на

Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961

Вардар продолжува според планот во домашното првенство и денеска го одигра последниот меч од деветтата рунда, а свој предизвик најде во својот ривал од град Скопје.

Бутел влезе како апсолутен аутсајдер на денешниот меч и брзо сфати дека нема што да бара на оваа пресметка, во која Вардар во неколку наврати имаше пет гола позитива уште во првиот дел.

Овој период на крајот заврши со резултат 13:9, а тоа им овозможи на ракометарите на Недановски да имаат рутинско второ полувреме во кое само го одржуваа водството.

На крајот, победата гласеше 26:20 и тоа е вкупно деветта за Вардар, кој останува прв на табелата поради подобриот меѓусебен скор со Еурофарм Пелистер.

Срдановиќ денеска беше најефикасен и постигна шест погодоци во победничкиот тим, а исто толку постигна и Спасовски од Бутел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни